Саша Матиќ е мета на измамници: Во сѐ е вмешан и неговиот брат Дејан Матиќ, а спомна и тужба

 

Мета на измамници бил пејачот Саша Матиќ, а во се бил вмешан и неговиот брат близнак Дејан Матиќ.

Имено, една компанија која се занимава со производи за слабеење претстави соработка со Дејан Матиќ, а потоа како резултат на користењето на овој производ објави слика на која Дејан е наводно послаб.

Сепак, се покажа дека на сликата е Саша Матиќ.

Неговите најжестоки обожаватели веднаш забележале дека се работи за измама, а за тоа проговори и пејачот.

– Никогаш не сум соработувал со таа компанија и не е првпат да се користат моето име и лик. Со мојот тим ќе одлучам дали ќе ги тужам, изјави Саша Матиќ.

Инаку, слични непријатности им се случија на неговите колешки, како Драгана Мирковиќ, Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ.

14.11.2024 - 21:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега