Спасовски: Владата да понуди концепт за евроинтегративниот пат, па потоа да седнеме и да разговараме

 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека Владата треба да понуди концепт или решение во однос на евроинтеграциите, и потоа врз основа на тој концепт да седнат и да разговараат.

„Каде ќе биде местото за разговор ако не биде во Парламентот, во домот на граѓаните, таму каде што ги имаат претставниците на граѓаните. Вака разговараме на ниво на претпоставки“, вели Спасовски.

Како што вели, лично тој не знае што би бил концептот и не можат да разговараат за нешто што не знаат.

„Ние сакаме да разговараме затоа што сметаме дека тоа е добро за Македонија и националните интереси, и за иднината на државата“, додава Спасовски.

14.11.2024 - 21:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега