Украина се откажа од сезонското менување на времето

 


Украина е најновата земја која се откажа од сезонското менување на времето. 

Тоа значи дека транзицијата кон летното сметање на времето во Украина повеќе нема да се случува- за сите други земји кои сè уште ги поместуваат часовниците, тоа ќе се случи на 30 март 2025 година.

Одлуката да се задржи зимското сметање е мотивирана со бројни фактори, вклучувајќи го и негативното влијание на промените на времето врз здравјето на граѓаните. Студии покажаа дека честото менување на часовниците може да доведе до нарушувања на спиењето, зголемен ризик од срцеви заболувања и намалена продуктивност.

 

Освен здравствените аспекти, Украина исто така смета дека нема доволно докази за тоа дека менувањето на времето доведува до заштеда на енергија. Иако оваа практика беше воведена со цел да се оптимизира употребата на дневната светлина, современите системи за осветлување и навиките на луѓето ја оспоруваат ефикасноста на оваа мерка.

Украина ја објасни оваа одлука со тоа што сака да се дистанцира од својот воен непријател Русија:

 

„Затоа, воведувањето и воспоставувањето на единствено киевско време низ Украина ќе ја зајакне безбедносната позиција на Украина и ќе придонесе за евакуација и реинтеграција на привремено окупираните области“.

14.11.2024 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега