Сам се пријавил во полиција, 22-годишно момче е возачот кој прегази дете во Битола и избега

 


Дваесет и двегодишно момче управувало со возилото кое вчеравечер околу 3 часот по полноќ удри во 17-годишник кој се здоби со тешки повреди.

Возачот утрото во 7.20 часот самиот се пријавил во полицијата, соопшти МВР. Се работи за момче од битолско, кое управувало автомобил со германски национални ознаки.

Со него од страна на полициски службеници извршен бил службен разговор.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

19.01.2025 - 11:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега