Романците збеснаа: Русите прелетале низ нивниот воздушен простор
Руско беспилотно летало навлегло во романскиот воздушен простор за време на ноќниот руски напад врз Украина, а областа каде што влегоа дронвоите е идентификувана во близина на границата, во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Романија, членка на НАТО, како мерка на претпазливост веднаш полета два борбени авиони.
Паѓањето на делови од дронови и нарушувањето на романскиот воздушен простор се чести појави во изминатата година и половина, откако Русија ја нападна украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, објавија регионалните медиуми.
Романија, Унгарија и Полска постојано забележаа прекршување на воздушниот простор откако Русија ги започна нападите врз Украина во февруари 2022 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа