РКЕ донесе одлука: Овие цени на горивата ќе важат од полноќ

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 % во однос на одлуката од 11.05.2022 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалуваат за 1,154 ден/кг и сега ќе изнесува 52,694 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) не се менуваат.

Од 13.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,694 (денари/килограм)

12.05.2022 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега