Рафаел Надал се огласи по операцијата

Рафаел Надал минува низ тежок период, бидејќи поради повреда на колкот мораше да оди на операција, која помина добро.

Шпанецот по операцијата се огласи на социјалните мрежи и откри кога ќе се врати на терените.

„Здраво на сите! Како што знаете, имав операција синоќа. Сè одеше добро со артроскопијата на левата псоас тетива, која ме исфрли од конкуренција од јануари. Регулирана е и старата повреда на лабрумот на левиот колк, што сигурно ќе помогне тетивата да еволуира подобро. Сакам да им се заблагодарам на лекарите Марко Филипон, Хаиме Вилар и Анхел Руиз-Котор за нивната работа. Веднаш ќе започнам со прогресивна функционална рехабилитација и нормалниот процес на закрепнување за кој ми е кажано е пет месеци, доколку се биде добро. Ви благодарам повторно за сета поддршка што ми ја давате и ми ја пружате секој ден. Денес, исто така на мојот роденден, не е посакувано или сонувано место, но е живот. Ви благодарам на сите“, напиша Надал со слика од креветот.

Најверојатно Надал нема да го видиме на теренот до почетокот на следната сезона, а јасно е дека Шпанецот ќе направи се за да биде во најдобар ред за сезоната на земјени терени во 2024 година.

04.06.2023 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега