Путин одликувал “баба херој“: Најстарата јутуберка плете, зборува за борба со нацистите и собира помош за борба против короната

 

Рускиот претседател Владимир Путин одликувал руски ветеран од Втората светска војна за собирање средства за поддршка на семејствата на лекарите кои починаа од коронавирус, според владиниот декрет објавен во понеделникот.

Иако веќе има 98 години, Зинаида Корнева уште еднаш покажа што значи да се биде херој. Таа доби признание за нејзината добротворна работа и „голем придонес во добротворни и јавни активности“, согласно указот за украсување.

Во април, среде првиот бран на пандемија на коронавируси, бабата Зинаида, инспирирана од британскиот воен ветеран Том Мур (100), кој собра средства за борба против вирусот додека шеташе во неговата градина, го промовираше својот канал на Јутјуб.Така таа стана најстарата Јутуберка која секојдневно ги раскажуваше своите искуства како војник на Црвената армија на нејзиниот канал.

За два месеци, оваа супер баба, родена во Санкт Петербург, собра повеќе од 4,5 милиони рубљи (околу 60 000 долари), што ги подели на 151 семејство на лекари кои ги загубија своите животи борејќи се со короната.

Според официјалните податоци во Русија, околу 258 лекари ја изгубиле битката со вирусот, додека реалниот број може да биде многу поголем.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега