Пукање на семејна веселба во Штип

 


На 30.05.2024 во Полициската станица Штип бил извршен службен разговор со Б.Ј. од Штип, полициски службеник од Полициската станица Штип, постапувајќи по претходна пријава дека ноќта на 30.05.2024, при семејна веселба, пукал од службеното огнено оружје. 

За настанот биле известени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител, по чија наредба од домот на Б.Ј. бил одземен пиштол и пиштолска муниција калибар 9 мм.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

31.05.2024 - 16:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега