Првата пратка гориво влезе во Газа, Израел попушти под американски притисок

Првата пратка гориво влезе во Газа откако Израел попушти на притисокот од својот сојузник САД и се согласи да пушти два цистерни со дизел дневно на палестинска територија.

„Оваа одлука ја донесовме за да го спречиме ширењето на епидемијата“, изјави израелскиот советник за национална безбедност Цачи Ханегби.

Израел им порача на Палестинците да ја напуштат северна Газа заради сопствена безбедност, но смртоносните воздушни напади продолжуваат да ги погодуваат централните и јужните области на тесната крајбрежна територија.

Во Газа повеќе од 1,5 милиони луѓе се внатрешно раселени, а поради израелската блокада цивилите се во опасност од глад, предупреди шефицата на Светската програма за храна (WFP), Синди Мекејн.

Повеќе од половина од болниците во Газа веќе не се отворени поради борби, оштетувања или недостиг на лекови, а луѓето чекаат четири до шест часа за половина од вообичаената порција леб.

18.11.2023 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега