Палчо: Нема да ја вознемирувам мајка и на Вања - Судот одби судење без камери

 

Судот не го прифати барањето на мајката на убиеното девојче Вања Ѓорчевска јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа.

Одбраната на обвинетите беше против исклучување на јавноста.

Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо кажа дека поради ова нема да ја повика мајката на Вања да сведочи за да не се вознемирува.

Судскиот процес за убиството на Вања и велешанецот Панче Жежовски почна денеска со воведни зборови на обвинителството.

20.09.2024 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа