Прилеп: Падна млад дилер - полицијата дома му најде дрога
На 20.09.2024 во 17.45 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Н.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, различни таблети, грутчеста материја и дигитална вага.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
21.09.2024 - 10:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа