Пронајдено човечко тело во Вардар

 


Вчера околу 18.35 часот во СВР Тетово, Б.Д. од село Тумчевиште, гостиварско, пријавил дека во водите на река Вардар, во атарот на с.Чегране, во близина на мостот, забележал човечко тело.

Телото било извадено од водата од страна на Територијалната противпожарна единица Гостивар и по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција, соопшти денеска СВР Тетово. 

28.04.2025 - 12:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега