Професорот Драги Димитриевски е избран за нов претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ

 

Избран е нов претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за периодот 2024-2025 година, соопштија од најголемиот државен универзитет.

Според резултатите од тајното гласање што се одржало вчера, за претседател на ова универзитетско тело е избран професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје.


 

Димитриевски е дел од Институтот за агроекономика на Катедрата за аграрна политика при ФЗНХ.

Неговиот мандат трае од 30 јуни годинава до 29 јуни 2025 година.

25.06.2024 - 18:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега