Приведени пет лица при контрола на објект за време на музички концерт

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола во објект на подрачјето на Центар, во кој се одржувал музички концерт, од слобода биле лишени пет лица.

Притоа, кај Б.М.(45), А.С.(26), двајцата од Скопје и В.М.(27) од Р.Косово е пронајдена марихуана, кај Д.Н.(23) е пронајдена дробилка со марихуана, а кај М.А.(23) пронајдена е прашкаста материја“, соопштија од полицијата.

 
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

15.05.2022 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега