Приведена жена од Гостиварско поради кражба

 

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера, околу 18.15 часот, во гостиварски Градец ја лишиле од слобода 54-годишната М. Р. од ова село, извести МВР.

„Половина час пред тоа таа била пријавена од 36-годишната Б. Р. од гостиварски Добридол дека во возило од јавен превоз, во кое се превезувала, од чантата ѝ одзела девизи и накит“, соопшти МВР.

Случајот целосно е расчистен, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а против М. Р. ќе следува соодветен поднесок.

22.11.2023 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега