Приведен бегалец, осуден на казна затвор од четири години и девет месеци
Вчера полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле П.И.(29) од с.Црвулево, општина Карбинци.
Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово, поради бегство од затворот, каде издржувал казна од четири години и девет месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“.
Лицето е спроведено до Затвор Куманово за доиздржување на две години и пет месеци од казната.
16.05.2024 - 14:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа