Пристигнува помош од Србија, Чешка и Германија во справување со пожарите во земјава

 

Обедбезена е нова меѓународна помош преку ЕУ механизмот на цивилна заштита, за справување со пожарите кои беснеат на територијата на Македонија.

Хеликоптер од Србија утрово слета на скопскиот аеродром, а се очекува уште еден од Чешка со  капацитет на ведро од 3 тона да пристигне вечерва.

Германија најави испраќање на два ер трактори (AT802/2), за коишто дополнително ќе биде објавено времето на пристигнувањето.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, претходно ја најави можноста за активирање и т.н. НАТО механизам за помош, преку кој ќе може државата да бара и добие и искусни пожарникари од партнерите.

31.07.2024 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега