Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја посети Зоолошката градина и ја претстави својата визија за нејзина целосна трансформација во современ, едукативен и хуман јавен простор.
„Зоолошката градина треба да биде многу повеќе од место за прошетка. Таа треба да биде простор каде децата учат за животните и природата, каде семејствата се чувствуваат безбедно и пријатно, а животните живеат во достоинствени услови“, изјави Шукова.
Шукова истакна дека моменталната состојба на ЗОО не одговара на потребите и потенцијалот што оваа институција го има. Дел од живеалиштата се дотраени, едукативната функција не е доволно развиена, а зеленилото не е соодветно одржувано, хигиената пак е на загрижувачко ниво.
Шукова најави, обнова и модернизација на живеалиштата, според највисоки стандарди за благосостојба на животните, како и Еко-центар, во кој децата и младите ќе можат да учат за природата, климатските промени и заштитата на живиот свет. Засилување на зеленилото и инвестиции во чисти, одржливи извори на енергија, Според Шукова, Зоолошката градинатреба да биде на ниво на современа урбана средина која спојува едукација, екологија, заштита на животните и семејни вредности.
07.09.2025 - 10:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа