Претседателот ќе може да даде помилување само доколку е донесена правосилна судска пресуда

 


Собранието го донесе законот за помилување.

Со новиот закон, кој е предложен од Министерството за правда, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење определени лица.

При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства, како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската Унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи.

„Причините за донесување на законот за помилување произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон, кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање одредени прашања регулирани со предлогот. Она што е важно е што во него има прецизни рокови и докрај се прецизаат ингеренциите на сите засегнати страни што учествуваат во процесот“, велат од Министерството.

Меѓу другото, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими, oдносно со овој предлог-закон за помилување се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето.

13.03.2024 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега