Претреси во 56 градови во Италија поради детска порнографија - приведени 34 лица

 


Италијанската полиција денеска соопшти дека уапсила 34 лица во земјата во рамките на истрагата за детска порнографија.

Се додава дека исто така биле извршени 100 претреси во 56 града, пренесува „Раи“.

Акцијата ја спроведува италијанската државна полиција во координација со Обвинителството во Катанија, а во акцијата учествувале повеќе од 500 полицајци, пренесува „Танјуг“.

28.02.2025 - 11:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега