Пожар во три објекти во Охрид

 

Според последниот 24-часовен извештај на Центарот за упраување со кризи, од вкупниот број 1.509 повици на Единствениот број за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 43,27%, а 56,73% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

Според распределбата, согласно природата на настаните, преку ЦУК кон Полиција биле упатени 59,17% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 31,65%, кон пожарникарите биле упатени 1,38%, а кон АМСМ 0,46%. Кон Центарот за управување со кризи имало 7,34% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 56,73%, „неитни повици“ (вкупно заедно 872) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Пожари на отворенп, не се регистрирани, но имало пожари во населени места, од коишто ЦУК издвојува два, во Охридско и Демирхисарско.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Охрид, од 00:40 минути по полноќ до 04:00 часот утрово, со седум пожарникари и три противпожарни возила интервенирале на запалени три објекти на улицата Гоце Делчев број 189 во Охрид. Во пожарот нема повредени луѓе, има голема материјална штета што дополнително ќе се проценува.

РЦУК – Битола, известува дека пожарникарите од ТППЕ Демир Хисар, од 08:10 до 08:45 часот, со двајца пожарникари и противпожарно возило гаснеле опожарен помошен објект во село Кутретино.

01.12.2023 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега