Позајмил автомобил, па не сакал да го врати и се заканувал
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”.
Пријавениот, врз основа на довербата од О.Ј. од Куманово, од неа земал за употреба патничко возило „опел корса“, а откако таа побарала да ѝ го врати возилото, пријавениот одбил и почнал да ѝ се заканува.
27.11.2023 - 19:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа