Поради Лавров, украинскиот министер Кулеба нема да допатува во Скопје на состанокот на ОБСЕ

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, нема да присуствува на министерскиот состанок во Скопје, а земјата ќе ја претставува делегација од нивното МНР.

Украина верува дека доаѓањето на руска делегација ќе ја влоши кризата во организацијата.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко ја објави одлуката на социјалните мрежи. Тој се заблагодари на напорите на Северна Македонија и министерот Бујар Османи кои, како што рече, демонстрирале висок професионализам и непоколеблива посветеност на заштитата на принципите и обврските на ОБСЕ. Сепак, вели Николенко, Руската Федерација постојано го уништува ОБСЕ, злоупотребувајќи го правилото за консензус, со уцени и отворени закани.

„Русија создаде егзистенцијална криза во ОБСЕ и ја претвори организацијата во заложништво на нејзините каприци и агресија“, вели Николенко.

Во такви услови, додава тој, присуството на руската делегација на министерскиот состанок на министерско ниво за првпат од почетокот на целосната инвазија на Русија во Украина само ќе ја влоши кризата во која Русија ја воведе ОБСЕ.

28.11.2023 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега