Поминувале на црвено, користеле телефон, полицијата изрече 104 казни
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрекол вкупно 104 мерки, соопштија денеска од МВР.
Меѓу изречените мерки, за возење без возачка дозвола се 18 санкции, 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се 11 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
10.06.2024 - 09:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа