Полициска акција во Охрид: Запленета дрога и голем износ пари

 


Вчера во 17 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за  недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода И.Д.(48) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

27.11.2024 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега