Полицијата во акција: Скоро 100 скопјани ќе ги испразнат новчаниците

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас…“, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

03.04.2024 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега