Полицијата во акција, казнети 185 возачи

 


Во текот на вчерашниот ден во периодот од 15.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 185 возачи. Од нив, 113 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 33 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

03.06.2024 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега