Полицијата му пронајде 239 куршуми, кичевчанец кривично ќе одговара
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.Б.(30) од кичевското село Лисичани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје при ОВР Кичево пронајдоа и одзедоа 239 куршуми различен калибар, кои неовластено ги поседувал.
06.06.2024 - 16:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа