Почина млад маж од Виница, му се слошило додека седел во двор


Вчера во 20.35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани било пријавено дека кај нив бил донесен починат С.П.(38) од Виница.

Според пријавеното, околу 19.45 часот му се слошило во дворот на В.Ф.(61) во Виница, по што бил пренесен во болницата во Кочани, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

18.04.2024 - 16:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега