По грешка се потпишала кај Силјановска а сакала кај Пендаровски (ВИДЕО)
Вистинска гужва во подарчните единици на ДИК во текот на вчерашниот ден. Двете најголеми партии собираа потписи за своите кандидати па често можеше да се забележат нивните симпатизери заедно како ги даваат своите потписи, секој за својот кандидат.
Во целата гужва една жена по грешка наместо на списокот на Пендаровски се потпишала кај Силјановска.
Рече дека не била информирана на кој список се потпишува. Вработените во подрачната единица во ДИК беа зачудени но и дозволија да го прецрта својот потпис на списокот кај Силјановска и да се потпише кај Пендаровски.
Согласно законот, секој може да се потпише за повеќе од една кандидатура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа