Патни трошоци на пратениците: Во 2022 година инкасирале вкупно 360 000 евра
Седумдесет и три народни избраници за 11 месеци инкасирале 360 000 евра народни пари за да ги покријат своите патни трошоци, објави ТВ Сител, врз основа на податоци добиени преку барање за информации од јавен карактер. Од пресметката е одземен август, кога пратениците се на колективен одмор и Собранието не работи.
Според податоците што ги објави телевизијата, народните избраници од најголемата владејачка партија СДСМ пријавиле најмногу патни трошоци. Дваесет и три пратеници добиле 133 000 евра. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е втора на оваа листа. Дваесет и три пратеници од оваа партија побарале 132 илјади евра за патни трошоци.
Сумите што минатата година ги пријавиле пратениците варираат од 7 800 до 770 000 денари.
Апсолутни рекордери за оваа година се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди. На овие пратеници на сметките им легнале од 706 до 770 илјади денари.
Целата сторија може да ја прочитате тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа