Партизанска е затворена за сообраќај
На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје, соопшти ЦУК.
Гори една од куполите на објектот, а противпожарните единици на Град Скопје се на лице место, информираат од ЦУК.
Поради пожарот кој ја зафати Универзалната сала во Скопје, Булеварот „Партизански одреди“ е затворен за сообраќај.
09.04.2024 - 10:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа