Падна рекетарска шема: Лице e фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра

 

Лице e фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда.

Акцијата е спроведена со судски налог, по насока на обвинителството и криминалистичка обработка.

Неофицијално се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца. Полициското присуство во Куманово и Арачиново е видливо, а ова не е само изолиран случај. 

Повеќе информации за акцијата се очекуваат во текот на вечерта.

04.08.2025 - 18:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега