Откриена нова криминална шема на Богородица: Возач и транспортна компанија осомничени за фалсификување на исправа
Кривична пријава до ОЈО Гевгелија е поднесена и против две лица, едно правно и едно одговорно лице во транспортна компанија заради основано сомневање за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по член 378 од Кривичниот законик.
Одговорното лице во транспортната компанија направил лажна исправа „извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународен патен сообраќај“ при што од својот компјутер во делот за регистарски ознаки ги променил ознаките на возилото и впишал регистарски ознаки на друго возило.
Лажната исправа ја ставил во кабината на товарното моторно возило која подоцна е приложена од возачот на излез од државата на граничен премин Богородица, при транспорт на стока.
Царинските службеници се посомневале во автентичноста на дозволата и случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги кој изврши проверка на исправата со надлежни институции, при што е утврдено дека исправата е фалсификувана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа