Осумгодишно момче го удрило гром на плажа во Бугарија: Доживеало клиничка смрт
Осумгодишно момче било погодено од гром во бугарскиот град Бургас додека било на плажа со родителите и сестрата.
На пат кон ресторанот ги зафатило силно невреме кога решиле да побараат засолниште.
„Кога го удри гром, мајка му се јави на 911. Истрчав да проверам дали момчето е при свест. Мајката му дала вештачко дишење, а татко му му го масирал срцето“, рекол Никола, случаен минувач, кој случајно се нашол на плажата за време на невремето.
Момчето било однесено во болница од татко му, каде што констатирале дека доживеал клиничка смрт.
„Немаше витални функции и немаше срцева активност. Благодарение на брзата реакција на лекарите од итната помош, кои веднаш му дадоа лекови и го интубираа, срцето на момчето повторно почна да чука“, изјави заменик-директорот на болницата, Светослав Тодоров.
Тој е сместен на одделението за интензивна нега и неговиот живот е во опасност.
„Првите 24 часа се критични. Направени му се нови тестови. Доби изгореници на градите и екстремитетите“, додаде Тодоров.
Докторот што го прими и го интубира момчето рече дека апаратот покажал оти момчето имало миокарден инфаркт, но дека тестовите ќе потврдат дали тоа навистина е така.
Момчето е во индуцирана кома и нема оштетување на мозокот. Закрепнувањето на момчето се очекува да биде долго и тешко, пишуваат медиумите во регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа