Коце асфалтира цела ноќ - експресно завршен патот до Крива Паланка

 
„Вечерва завршуваат градежните активности со финален слој асфалт на главната траса Страцин - Крива Паланка“, информираше вечерва Коце Трајановски, Директор на Јавно претпријатие за државни патишта.
„Зголеменото темпо на работа ,ноќното и зимското асфалтирање со адитив значително допринесоа во најбрз можен рок да биде под асфалт целата должина на главната траса на експресниот пат.
Дополнително се работи со забрзано темпо и на останатите градежни активности ,асфалтирање на пристапните патишта, мостовите и клучките долж целата траса“, стои во објавата на директорот.

28.11.2024 - 19:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега