Оставки и одговорност за случајот Онишченко?

„Во време на Ковачевски рускиот шпион и украински олигарх Онишченко добива македонско државјанство, одговорност и оставки мора да има. Онишченко добива македонско државјанство во мај 2022 година, кога Ковачевски е веќе 5 месеци премиер. АНБ и МВР морале да го информираат Ковачевски дека даваат државјанство на лице на црна листа на САД, и лице по кое трага Украина“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека „Виктор Димовски и Оливер Спасовски морале да го известат Ковачевски. Сите тројца одработиле против стратешките интереси на Македонија“.

„Одговорноста за случајот со издаденото државјанство на Онишченко не може да заврши со суспендирање на вработени во АНБ. Мора да има политичка одговорност за Виктор Димовски и Оливер Спасовски. Димовски не смее да биде македонски амбасадор во Франција. Како може Македонија да биде сигурна во лице кое овозможило криминалец како Онишченко, кој е на црна листа на САД да добие државјанство?“ е ставот на опозициската партија.

25.11.2022 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега