Османи се сретнал со Лавров и шефот на дипломатијата на Малта

 

Министерот за надворешни работи и сѐ уште актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи во Скопје се сретнал со идниот претседавач на меѓународната организација, но и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Засега е непознато за што разговарале тројцата министри со оглед на тоа што македонското министерство за надворешни работи воопшто не извести дека се случила таква средба. Информацијата доаѓа од руската амбасада во Скопје која преку социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија од средбата.

-Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Малта - сегашен и иден претседавачи на ОБСЕ, велат од руската амбасада во Скопје.

30.11.2023 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега