Османи разговараше со Блинкен и Шоле: САД дава силна поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија
На маргини на НАТО Министерскиот состанок, во Брисел, министерот Бујар Османи разговараше со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.
Во фокусот на разговорите беше соработката и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, регионалните актуелности, поддршката за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, како и политичките состојби во земјава.
Шоле и Блинкен изразија силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија што е споделен стратешки интерес на Северна Македонија и САД и влог во целокупната регионална стабилност.
Министерот Османи денес ја продолжува посетата на НАТО во Брисел, втор ден од НАТО министерскиот состанок со средби со негови хомолози.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа