Бербок: Сега останува на Русија да ја прекине својата агресивна војна
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека разговорите меѓу американската и украинската делегација во Џеда се важен чекор во потрагата по постојан мир и безбедност.
“Резултатите од украинско-американските преговори би можеле да бидат важна пресвртница во стремежот на Украина за траен мир и безбедност. Германија, заедно со нашите партнери, ќе го поддржат украинскиот народ на овој пат. Сега на Русија е да стави крај на својата агресивна војна”, напиша таа на социјалната мрежа X.
По разговорите меѓу украинската и американската делегација во Џеда, Саудиска Арабија во вторникот, Украина изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД веднаш да воведе 30-дневен прекин на огнот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа