МВР: Исклучени 22 возила од сообраќај, казнети 777 лица

 


Полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР во рамки на вчерашните активности во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава издале 777 платни налози.

Како што соопшти МВР, статистичките показатели од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, остануваат и понатаму идентични како и претходно, па така најбројни се прекршоците за непрописно паркирање 256, а потоа прекршоците по основ на возење со брзина поголема од дозволената 175.  

-Покрај ова, вчера регистрирани се и 69 учесници во сообраќајот кои што не поседувале возачка дозвола, во девет случаи откриени се возачи под дејство на алкохол, шестмина возачи минале на црвено светло, а санкционирани се и 25 пешаци. Исто така, по основ на неносење сигурносен појас изречени се 44 прекршочни платни налози, санкционирани се 11 возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига, а по основ на користење мобилен телефон при возење изречени се 28 платни налози. Од сообраќај, пак, се исклучени вкупно 22 возила од кои осум биле технички неисправни а 14 биле нерегистрирани, се додава во соопштението.

Сообраќајните контроли, нагласуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласуваат од МВР.

09.05.2025 - 12:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега