Османи: Имавме фер кампања, со под еднакви услови за сите

Имавме фер кампања во која навистина сите чинители имаа можност да им се претстават на граѓаните под еднакви услови. Тоа е важна демократска придобивка, која соодветствува со демократската зрелост на една земја членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија, констатира на денешната прес-конференција портпаролот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи.

– Што се однесува за нас, за ДУИ без сомнение ова беше една од најубавите кампањи што досега сме ги имале во секоја смисла. Прво, имавме исклучително позитивна кампања и тоа се почувствува низ големиот број на средби со граѓаните. Тие се интересираат за проектите, предлагаа и свои проекти и што е најважно ја прифатија Зелената агенда како најважен приоритет за развојот на нивното непосредна средина за уредување на нивните маала, за пошироките заедници воопшто. Одржавме 20 централни митинзи во сите поголеми центри на Албанците во Северна Македонија, од Липково и Сарај, преку Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга. Остваривме стотици посети, буквално во сите населени места, одејќи по маалата и населбите, тропнувајќи на секоја врата, остварувајќи притоа директни средби со десетици и десетици илјади граѓани. Иако вистинската победа ја очекуваме в недела, на 17 октомври, сметајќи ја кампањата како еден посебен дел од политичкиот натпревар во оваа полувреме, без сомнение ние победивме, рече тој.

Според Османи, со позитивна енергија, со убава понуда, со убав концепт, со убави проекти преку наметнувањето на Зелената агенда како најважен дискурс на оваа кампања, ДУИ успеала да се им се спротивстави и на нападите на политичките опоненти и на „нивниот нефер и непринципиелен однос и на нивната непринципиелна коалиција во која и самите не веруваат“.

Османи ги повика сите граѓани без разлика на нивната политичка определба или одлука, во недела да излезат да гласаат.

– Изборите се најважниот момент кога секој од нас тајно го кажува своето мислење. Важно е секој од нас слободна да ја изрази својата политичка волја и со тоа да учествува во создавањето и на сопствената, но и на заедничката иднина, изјави Османи. 

15.10.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега