Општина Пустец доби бесплатен и брз интернет за жителите и посетителите
Општина Пустец доби бесплатен и брз интернет за жителите и посетителите во рамки на проектот WiFi4WB (WI-Fi за Западен Балкан).
Оваа иницијатива се спроведува преку програмата EU4Digital Action, која е финансирана од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ), а е имплементирана од Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ).
- Овој стратешки чекор не е само врска со интернет мрежата, туку и инвестиција во економскиот, туристичкиот и дигиталниот развој на регионот. WI-FI точки ќе бидат поставени на шест локации, обезбедувајќи им на жителите и посетителите бесплатен и квалитетен пристап до интернет, информираа од општината.
Поконкретно, ќе бидат поставени на плоштадот „Гоце Делчев" во центарот на Пустец, плажата во село Зрновско, центарот на село Глобочани, кај музејот „Стерјо Спасе", во центарот на село Туминец, пред црквата „Свети Атанасиј" во Пустец и кај Инфо Поинт, на влезот во Националниот парк „Преспа".
- Со ова Општина Пустец ќе стане поповрзана, поразвиена и попривлечна за туристите, чиј број е во постојан раст, посочуваат од општината.
Иницијативата преку која ќе бидат поставени бесплатни Wi-Fi точки опфаќа 500 општини во Западен Балкан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа