Општина Карпош: И годинава ќе има дневен престој за учениците до четврто одделение

 

Општина Карпош информира дека и годинава во основните училишта во општина Карпош ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение.

„Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата. Тоа до сега многупати сме го докажале преку разни проекти за доделување стипендии за талентирани ученици и спортисти, бесплатни ужини, постојани реконструкции на училишните објекти“, велат од Општината.

Од Општина Карпош соопштуваат дека се непријатно изненадени од, како што велат, „неодговорниот однос на одредени советници“.

„Згрозени сме од нивниот обид преку ширење лаги и шпекулации за наводно укинување на дневниот престој на четвртоодделенците, што е апсолутна невистина, да заработат одредени политички поени на сметка на нашите најмлади сограѓани“, се додава во соопштението на Општина Карпопш.

30.08.2023 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега