ОЈО поведе истрага: Кичевецот со раце и нозе ја тепал двегодишната ќерка

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против таткото кој ја претепа својата двегодишна ќерка до смрт.

Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра.

Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

11.01.2024 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега