Серија апсења во Македонија - приведени десет лица
Во текот на вчерашниот ден полицијата апсеше на повеќе локации во државава при што приведени се 10 лица.
Вчера во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Вчера во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(32) од село Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ц.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(27) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 18.45 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле А,Ј.(20) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчераво 18.25 часот на ул.„Даме Груев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода П.Т.(23) и С.А.(25), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај П.Т. биле пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Вчера во 20.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Б.(46) и малолетник, двајцата од Велес. Тие биле затекнати во моментот кога Д.Б. му продавал зелена растителна материја на малолетникот. Известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа