Автобус се судри со автомобил - настрадал пешак

На 24.09.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(27) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(65) од село Стајковци, скопско.

При несреќата,  била удрена и 26-годишната Е.Ф. од Скопје (пешак).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

25.09.2024 - 19:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега