Затворски хорор во Идризово: Го тепал па го силувал

Затвореник физички нападнал друг затвореник во затворот Идризово и потоа извршил обљуба врз него, соопшти полицијата.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 23 септември 2024 во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал 40-годишен осуденик, по што извршил обљуба врз него.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

25.09.2024 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега