Огромниот дијамантски ѓердан на Марија Антоанета продаден 4,5 милиони евра
Ѓердан обложен со дијаманти, за кој се верува дека е поврзан со скандалот што го забрза падот на последната француска кралица Марија Антоанета во 18 век и доведе до нејзиниот трагичен крај, вчера беше продаден на аукција во Женева за 4,26 милиони швајцарски франци (околу 4,55 милиони евра).
Ѓерданот, во кој се вградени 300-каратни дијаманти, пред аукцијата се проценуваше на приближно 2,13 милиона евра, објави претходно аукциската куќа „Сотби“, пренесува „Ројтерс“.
Парчето накит беше во центарот на скандалот во 1780 година, познат како „Аферата на дијамантскиот ѓердан“, во кој благородничката Жана дела Моте, преправајќи се дека е француската кралица Марија Антоанета, зела ѓердан од златарница во име на кралицата, без да плати за тоа.
Судењето ја прогласи кралицата за невина, но скандалот ги подгреа шпекулациите за екстравагантноста на Марија Антоанета, што, меѓу другото, ги поттикна француските револуционерни власти да ја осудат на гилотина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа